STIHL Tirol MY iMOW®

Услови на користење

 

Датум: 01/2023

Пазар: Северна Македонија

 

1.              ПРЕДМЕТ НА УСЛОВИТЕ

1.1           STIHL Tirol GmbH, Hans-Peter-Stihl-Str. 5, A-6336 Лангкампфен/Куфштајн, Австрија, information@stihl.at, друштво регистрирано во Регионалниот суд во Инсбрук под FN 46276 d, ЕДБ ATU32234908, ("STIHL Tirol”) ви овозможува апликација за мобилни уреди ("MY iMOW® мобилна апликација") и апликација на основ на пребарување ("MY iMOW® веб апликација") за работа на STIHL Tirol iMOW робот косилката ("iMOW робот косилка"), под називот "MY iMOW®".

1.2           Користењето на  MY iMOW® е бесплатно.

1.3           Овие Услови ќе се применуваат на најновата верзија која сте ја прифатиле. STIHL Tirol не ги зачувува Условите на користење за вас, најновата применлива верзија е достапна на MY iMOW®.

1.4           За склучување на договорот е достапен само македонскиот јазик.

1.5           Вашите Општи услови за работење нема да претставуваат дел од договорот помеѓу STIHL Tirol и вас, дури и ако истите не биле изречно одбиени од страна на STIHL Tirol.

1.6           Овие Услови за користење се применуваат исклучиво помеѓу STIHL Tirol и вас. Доколку ја преземете MY iMOW® мобилната апликација на вашиот мобилен уред од продавницата за апликации на Apple Inc. или од Google Play продавницата на Google LLC (заедно "Продавници за апликации"), Apple Inc. и Google LLC не се одговорни за содржината на MY iMOW®.

2.              ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Договорот склучен врз основ на овие Услови на користење помеѓу вас и STIHL Tirol GmbH, Hans-Peter-Stihl-Str. 5, A-6336 Лангкампфен/Куфштајн, Австрија, друштво регистрирано во Регионалниот суд во Инсбрук под FN 46276 d, ЕДБ ATU32234908, подоцна ќе биде преземен од STIHL direct GmbH, Badstr. 115, 71336 Вајблинген, Германија. Со ова, вие се согласувате со преземањето на договорот. Ќе бидете изречно известени пред преземањето на договорот.  

3.              MY iMOW® РЕГИСТРАЦИЈА

3.1           Сите функции достапни на MY iMOW® бараат регистрација на STIHL сметка преку Дигиталната платформа на STIHL direct GmbH, Badstr. 115, 71336 Вајблинген, Германија, info@stihldirect.io, Окружен суд во Штутгарт, регистрациски број (HRB) 773503, ЕДБ. DE329143527, достапна на https://login.stihl.com/ ("Дигитална платформа").

3.2           Дигиталната платформа е предмет на посебни Услови на користење, достапни на https://app.stihl.com/mk-MK/legal/terms-of-use. Доколку го раскинете вашиот договор склучен со STIHL direct GmbH за STIHL сметката, повеќе нема да биде возможно да пристапите на MY iMOW®. Ќе бидете извеестени за истото кога ќе ја откажете вашата STIHL сметка.

3.3           Доколку iMOW робот косилката има Bluetooth функција и ако ја контролирате и упрваувате iMOW робот косилката единствено преку Bluetooth врска, регистрацијата на STIHL сметка на Дигиталната платформа не е потребна. STIHL Tirol го олеснува користењето на iMOW робот косилката единствено преку Bluetooth врска за iMOW® 5, 6, 7 и iMOW® 5 EVO, 6 EVO, 7 EVO.

4.              ИЗМЕНИ НА MY iMOW® СОДРЖИНАТА И УСЛОВИте НА КОРИСТЕЊЕ

4.1           STIHL Tirol го задржува правото да прави измени на MY iMOW® кои го надминуваат тоа што е неопходно за одржување на договорната усогласеност во согласност со член 327e (2) и (3) и член 327f од германскиот Граѓански законик [Bürgerliches Gesetzbuch – BGB] без ваша претходна согласност, од оправдана причина, доколку истото е неопходно од оперативни причини за прилагодување на нова техничка средина, зголемен број на корисници, употребливоста на MY iMOW® или други важни технички причини и истите се бесплатни за вас.  

4.2           STIHL Tirol го задржува правото, од оправдани причини, да ги измени овие Услови на користење со ваша согласност доколку:

a)              MY iMOW® треба да биде прилагодена или прекината како резултат на промени во законодавството или судската пракса; и/или

b)              Од други причини, измената или дополнувањето на MY iMOW® делува неопходна и не ве доведува во неразумно неповолна положба.  

За измената, STIHL Tirol ќе ве извести триесет (30) дена однапред или доколку STIHL Tirol е во можност да го стори тоа во конкретен индивидуален случај, порано и однапред во пишана форма, во согласност со оваа клаузула 4.2 и ќе ви ги испрати изменетите Услови за користење во пишана форма. Во согласност со одредбите од оваа клаузула 4.2. пред денот на влегување во сила на измената, вие ќе можете или да ја дадете или да одбиете да ја дадете вашата согласност. Согласноста ќе се смета за дадена и доколку не дадете изречна согласност пред денот на влегување во сила („Претпоставена согласност“), освен ако изречно не одбиете да дадете согласност во однос на STIHL Tirol пред влегувањето во сила на измената. Писмената форма е доволна за да одбиете да дадете согласност. За секоја измена, како што е определено во оваа клаузула 4.2 STIHL Tirol изречно ќе ве информира за правните последици од вашата Претпоставена согласност.

4.3           Секоја измена на корисничкиот однос која го надминува опсегот наведен во клаузулите 4.1 и 4.2 бара ваша изречна согласност. STIHL Tirol ќе ве информира триесет (30) дена претходно или, доколку STIHL Tirol е во можност да го стори тоа во конкретен индувидуален случај, порано, и однапред во пишана форма и ќе ви ги испрати изменетите Услови на користење во пишана форма. Во согласност со одредбите од оваа клаузула 4.3, вие ќе можете или да ја дадете или да одбиете да ја дадете вашата согласност за измената. Доколку не се согласите со измената согласно оваа клаузула 4.3 во рок од триесет (30) дена, договорниот однос ќе продолжи во согласност со претходните, непроменети Услови на користење.  

4.4           STIHL Tirol го задржува правото на формални промени, уреднички промени и ажурирања на хиперлинкови во секое време, без претходно известување.  

4.5           Нема да сносите никакви дополнителни трошоци поради измените извршени во согласност со оваа клаузула 4.

5.              ТЕХНИЧКИ БАРАЊА

5.1           Во зависност од функциите на соодветната iMOW робот косилка, истата може да се користи преку MY iMOW®

a)              Со Bluetooth и/или WiFi врска, или

b)              со Bluetooth, WiFi и/или мобилна врска.

5.2           За да ја контролирате iMOW робот косилката преку мобилна врска или WiFi, iMOW робот косилката мора да биде лоцирана во област каде може да се воспостави доволен мобилен или WiFi прием. За да ја контролирате iMOW робот косилката користејќи Bluetooth, вашиот уред мора да е лоциран во близина на iMOW робот косилката.

5.3           За користење на MY iMOW® потребен е компатибилен уред, односно паметен телефон/таблет/итн. со овозможен интернет за MY iMOW® мобилната апликација или паметен телефон/таблет/компјутер/лаптоп/итн. со овозможен интернет кој поддржува интернет пребарувач за MY iMOW® веб апликацијата. 

5.4           MY iMOW® мобилната апликација се презема преку Продавниците за апликации. За повеќе информации, одете на http://info.myimow.stihl.com.

5.5           Чип интегриран во iMOW робот косилата се користи за мобилната врска на iMOW робот косилката и истиот е веќе активиран.

6.              ОПШТИ ПРАВА, ОБВРСКИ НА КОРИСНИЦИТЕ И ПРАВА НА КОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА МАШИНИТЕ

6.1           Кога користите MY iMOW®, должни сте да се воздржувате од незаконски дејствија, прекршувања на законот и прекршување на правата на трети лица.

6.2           Должни сте да го ажурирате оперативниот систем кој го користите за MY iMOW® и/или пребарувачот кој го користите за MY iMOW® веб апликацијата.

6.3           Доколку прикачувате содржина на MY iMOW®, погрижете се да не ги прекршувате со тоа правата на трети лица. STIHL Tirol е овластен да ја отстрани незаконската или навредлива содржина која ја имате прикачено преку функциите кои ви се овозможени од STIHL Tirol за оваа цел, доколку STIHL Tirol дознае за таквата содржина.  

6.4           Ваша одговорност е да ги инсталирате ажурирањата за MY iMOW® овозможени од STIHL Tirol во разумно време. Доколку не го направите истото, иако STIHL Tirol ве информирал за достапноста на ажурирањата и последиците од неинсталирањето на истите, STIHL Tirol нема да биде одговорен за било какви недостатоци на производите MY iMOW® ако се резултат на неинсталирањето на ажурирањата. Доколку, врз основа на информациите кои ви се обезбедени, не сте во можност да го извршите инсталирањето правилно, должни сте за тоа одма да го информирате STIHL Tirol.

6.5           Со ова на  друштвото STIHL Tirol му давате неексклузивно, светско, преносливо, подложно на подлиценца, неограничено во содржина и време, неотповикливо право трајно да чува, копира, дистрибуира, претставува, прави јавно достапно, изменува, обработува, анализира, спојува со сопствени податоци и податоци на трети лица, поврзува, собира во независни нови збирки и доверува на трети страни, сите или дел од анонимизираните или нелични податоци од MY iMOW® или iMOW робот косилката.

7.              STIHL IoT ПОРТАЛ ЗА УСЛУГИ

7.1           STIHL Tirol управува со дигитален портал за специјализирана малопродажба и STIHL Tirol поддршка ("STIHL IoT Портал за услуги"), во врска со iMOW робот косилката и MY iMOW®. Квалификуваните специјализирани трговци на мало, како и STIHL Tirol поддршката можат да пристапат на вашата iMOW робот косилка во ограничена мера преку STIHL IoT Порталот за услуги и на пример, да пружаат услуги на поддршка во случај на нефункционирање на iMOW робот косилката.

7.2           Помош од трговецот на мало ќе ви биде обезбедена врз основ на посебен договор помеѓу вас и трговецот на мало.  

8.              ПРАВА НА КОРИСТЕЊЕ  

8.1           STIHL Tirol ви дава едноставно, непреносливо право и право кои не може да се подлиценцира, да се користи MY iMOW® во согласност со условите од договорот, органичено временски во смисла на Условите на користење. Ова подразбира, колку што е технички неопходно, инсталација на вашиот уред, како и вчитување, прикажување и работење на вашиот уред. Не ви е  допуштено декомпајлирање, обратно инженерство, или расклопување на MY iMOW® или негови делови, ниту на друг начин да пробате да набавите изворен код, код на објектот, или основни структурни идеи, знаење, алгоритми или други функционални механизми. Ова е без влијание на членовите 69a et seqq. на германскиот Закон за авторско право [Urheberrechtsgesetz – UrhG].

8.2           Не ви е дозволено да го попречувате или манипулирате протокот на податоци на MY iMOW®, ниту пак да додавате или пренесувате податоци преку вашиот сопствен интерфејс. Пристап до податоците на MY iMOW® е дозволен само преку понудените кориснички интерфејси.

8.3           Доколку ја користите MY iMOW® апликацијата на Аpple уред, правото да ја користите MY iMOW®  апликацијата (види клаузула 8.1 погоре) се проширува на сите Apple уреди кои ги поседувате или контролирате. Во согласност со условите на сервисот Apple Media Services (достапен на https://www.apple.com/legal/internet-services/itunes/de/terms.html), на MY iMOW® аппликацијата може исто така да се пристапи, инсталира и користи од други сметки поврзани со вас (како што се family sharing  или bulk purchases) во согласност со овие услови на користење.

9.              ДОСТАПНОСТ

9.1           STIHL Tirol вложува напори да овозможи достапност на MY iMOW® во границите на тоа што е разумно. Меѓутоа, постојана достапност на MY iMOW® не може да се гарантира. MY iMOW® и основната инфраструктура исто така редовно се одржуваат технички.  

9.2           Овозможувањето на MY iMOW® може да биде предмет на ограничувања, особено во случај на попречувања или ограничувања кои не се под контрола на STIHL Tirol. Покрај тоа, ограничувања можат да се појават особено од следните причини:

a)              Поради причини на виша сила, како наведено во клаузула 10,

b)              Поради технички и други попречувања или мерки, како поправки, одржувања, ажурирања на софтверот, подобрувања на системот и MY iMOW® или имплементирани од страна на upstream и downstream даватели на услуги, а кои се неопходни за соодветно и подобрено овозможување на MY iMOW®; или

c)              Поради недостаток на достапност или ограничување на капацитетот на мобилните, податочните или други интернет врски.

9.3           Вие сте одговорни да се осигурате дека MY iMOW® кој се користи од ваша страна е поврзан на интернет и ќе ги сносите трошоците за истото.

10.           ВИША СИЛА

STIHL Tirol нема да биде одговорен пред вас за било какво доцнење или неисполнување на обврските за извршување на STIHL Tirol, доколку доцнењето или неисполнувањето се должат на настан кој е надвор од контролата на STIHL Tirol или ваша контрола, а кој го спречува STIHL Tirol целосно или делумно во исполнувањето на своите обврски, вклучувајќи штета од пожари, поплави, штрајкови, епидемии и пандемии, блокади и административни наредби ("Виша сила").

11.           ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ

Доколку сте клиент, вие имате право на откажување по регистрацијата на MY iMOW® во согласност со насоките дадени во Анексот кон овие Услови на користење. Потрошувач е секое физичко лице кое влегува во правна трансакција за цели кои, во најголем дел, не можат да се препишат на неговата или нејзината професионална или претприемачка дејност.  

12.           ТРАЕЊЕ И ПРЕСТАНОК

12.1         Договорот помеѓу вас и STIHL Tirol за користење на MY iMOW® се склучува на неопределено време.  

12.2         Вие можете да го прекинете вашиот договор за користење во секое време во пишана форма без наведување на причините.  

12.3         STIHL Tirol има право да го раскине договорот за користење на MY iMOW® со отказен рок од триесет (30) дена. Отказниот рок ќе ви биде испратен во пишана форма на е-пошта адресата која е наведена од ваша страна.

12.4         Ако постои оправдана причина, секоја страна има право да го раскине договорот за користење на MY iMOW® без претходно известување. STIHL Tirol ќе се смета дека има оправдана причина особено ако вие сторите сериозно прекршување на овие Услови за користење и не го поправите истото во разумен рок и покрај предупредувањето. Предупредување не е задолжително доколку прекршувањето е толку сериозно што претходното предупредување се исклучува поради природата на случајот. Прекршувањето на овие Услови за користење ќе се смета сериозно особено ако вие:

a)              Го преминете опсегот на вашите права кои ви се одобрении со овие Услови на користење;

b)              Ја загрозите IT безбедноста на STIHL Tirol.

Ова без влијание на член 314 BGB.

12.5         По раскинувањето на договорот за користење на MY iMOW®, STIHL Tirol има право да

a)              Оневозможи пристап до вашата MY iMOW®, и

b)              Ја деактивира SIM картичката на iMOW робот косилката која е регистрирана за користење на услугите.

По оневозможувањето на пристапот, вие повеќе нема да можете да пристапите до содржината прикачена на MY iMOW®; но прописите за заштита на податоци ќе се почитуваат.

13.           ОДГОВОРНОСТ

13.1         STIHL Tirol ќе ја сноси одговорноста за штета настаната со користењето на MY iMOW® во опсегот на законските одредби, без разлика на правните основи, само во согласност со следните одредби:

a)              STIHL Tirol е без ограничувања одговорен за штета која е настаната со смрт или лична повреда, како и за штета настаната со директна умисла или груба небрижност на STIHL Tirol, неговите законски или заменски застапници, како и штетата настаната со неусогласеност со гаранцијата дадена од STIHL Tirol или од измамнички скриени недостатоци.

b)              За сите останати штети настанати од прекршување на суштински договорни обврски како резултат на обична небрижност од страна на STIHL Tirol, неговите законски и заменски застапници, одговорноста на STIHL Tirol ќе се заснова на основаноста на случајот. Суштински договорни обврски (кардинални обврски) се оние чие што исполнување овозможува соодветно спроведување на договорот на прво место и на чие што исполнување другата договорна страна вообичаено може да се потпре. Во таквите случаи, STIHL Tirol ќе се смета за одговорен за износот кој би бил вообичаен за предвидената штета во таквиот договор Во спротивно, одговорноста е исклучена.

c)              Горенаведените одредби немаат влијание на одговорноста во согласност со германскиот Закон за одговорност за производи.

d)              Побарувањата за надомест за штета поради неизвршување на обврски како резултат на обична небрежност кон STIHL Tirol се исклучени; Вашите законски права по истекот на разумен грејс период остануваат непроменети.

13.2         Вие сте обврзани да преземете соодветни мерки за спречување и намалување на штетата, особено за да осигурате, каде што е технички возможно, соодветна безбедност на податоците на вашите уреди. Одговорноста за оштетување или губење на податоците е ограничена на вообичаениот напор за поправање кој би бил неопходен доколку резервни копии се правени редовно и во согласност со нивото на ризик и доколку соодветна заштита од вируси била користена.

14.           ИЗВЕСТУВАЊА

14.1         Јазикот на договорот е македонски.

14.2         Комуникацијата со вас ќе се одвива преку е-пошта адресата која ја имате наведено во вашата STIHL Account.

15.           ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

Во обработката на вашите лични податоци, STIHL Tirol ги почитува применливите прописи за заштита на податоци. Применлива е STIHL Tirol MY iMOW® Политиката за приватност, достапна на https://info.myimow.stihl.com/mk-mk.

16.           ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

16.1         Договорниот однос помеѓу вас и STIHL Tirol е регулиран единствено од правото на Сојузна Република Германија, под услов да необврзувачките национални закони за заштита на потрошувачи немаат предност во ваша корист во согласност со законот на државата во која имате живеалиште или привремено престојувалиште. Примената на Конвенцијата за продажба на ООН (CISG) е изречно исклучена.

16.2         Доколку сте бизнис лице, правно лице основано согласно јавното право или специјален фонд согласно јавното право согласно член 14 BGB, исклучива месна надлежност за сите спорови кои произлегуваат од или во врска со овие Услови на користење има Штутгарт, Германија. Иста месна надлежност се применува и ако немате општа надлежност во државата на потекло, ако вашето живеалиште или вообичаено престојувалиште го прнесете од државата на потекло по склучувањето на договорот, или ако вашето живеалиште или вообичаено престојувалиште не е познато за време на поднесувањето на тужбата.

16.3         Не постојат дополнителни договори на овие Услови за користење. Измените и дополнувањата на овие Услови за користење се прават во пишана форма, освен ако построга форма не е задолжителна со закон. Ова исто така се применува на измените или дополнувањата на оваа клаузула во пишана форма.

16.4         Доколку било која одредба од овие Услови на користење е или стане целосно или делумно неприменлива или неизвршлива, тоа нема да има влијание на валидноста на останатите одредби од овие Услови за користење.  

17.           ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ ЗА ПОТРОШУВАЧКИ РАБОТИ

17.1         Согласно важечкото право, STIHL Tirol е обврзан да ги информира потрошувачите за постоењето на Европска платформа за онлајн решавање на спорови, која ја има воспоставено Европската комисија за решавање спорови.

17.2         Европската платформа за онлајн решавање на спорови може да се најде овде: https://ec.europa.eu/consumers/odr/.

17.3         Контакт информациите на официјалните тела за решавање на спорови може да се најдат на следниот линк: https://webgate.ec.europa.eu/odr/main/index.cfm.

17.4         Во отсуство на законска обврска за учество во постапка на решавање на спорови пред орган за решавање на потрошувачки спрови, друштвото STIHL Tirol не е обврзанo, ниту волно да учествува во таква постапка за решавање на спорови.

17.5         Понатаму, во согласност со законските прописи, STIHL Tirol со ова ја одредува адресата на е-поштата на STIHL Tirol, која гласи: information@stihl.at

 

 

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРАВОТО НА ОТКАЖУВАЊЕ

ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ

Имате право да се откажете од овој договор во рок од четиринаесет дена без да наведувате причини.

Рокот за откажување е четиринаесет дена од датумот на склучување на договорот.

Со цел да го искористите вашето право на откажување, морате да не известите на (STIHL Tirol GmbH, Hans-Peter-Stihl-Str. 5, A-6336 Лангкампфен/Куфштајн, Австрија, Регионален суд на Инсбрук, FN 46276 d, ЕДБ ATU32234908, е-пошта: information@stihl.at, телефон +43 5372 69720) со јасна изјава (пр. писмо испртено преку пошта или е-пошта) за вашата одлука дека се откажувате од овој договор. Можете да го искористите прикачениот образец за откажување, но истото не е задолжително.

За да го испочитувате рокот за откажување, доволно е да го испратите известувањето за користење на правото на откажување пред истекот на рокот за откажување.

 

ПОСЛЕДИЦИ ОД ОТКАЖУВАЊЕТО

 

Ако се откажувате од овој договор, ние ќе мораме да ви ги вратиме сите уплати кои ги имаме примено од вас, вклучувајќи ги и трошоците на доставата (освен дополнителните трошоци кои произлегуваат од фактот дека сте одбрале тип на достава различна од најефтината стандардна достава која ја нудиме), без одлагање, а најдоцна во рок од четиринаесет дена од денот кога сме го примиле известувањето за вашето откажување од овој договор. За овој поврат на средства ќе го користиме истото средство на плаќање кои сте го користеле во првобитната трансакција, освен ако не е друго изречно договорено со вас; во никој случај нема да ви биде наплатен овој поврат.

 

 

 

Образец за известување за откажување

 

(Доколку сакате да се откажете од договорот, ве молиме пополнете го овој образец и испратете го назад до нас)

-

До STIHL Tirol GmbH, Hans-Peter-Stihl-Str. 5, A-6336 Лангкампфен/Куфштајн, Австрија, Регионален суд во Инсбрук, FN 46276 d, ЕДБ. ATU32234908

Е-пошта: information@stihl.at , телефон +43 5372 69720

-

Јас/ние (*) со ова се откажуваме од договорот склучен од мене/нас (*) за купување на следните добра (*)/пружање на следните услуги (*)

-

Нарачано на ден (*)/Примено на ден (*)

-

Име на потрошувачот/ите

-

Адреса на потрошувачот/ите

-

Потпис на потрошувачот/ите (само за писмена комуникација)

-

Датум


(*) Избришете согласно потребата