STIHL MY iMOW® Апликации

Политика за приватност

 

Датум: 01/2023

Пазар: Северна Македонија

 

Задоволство ни е да ве информираме за обработката на вашите лични податоци во оваа Политика за приватност. Подолу ќе најдете информации за тоа како ги обработуваме вашите лични податоци, причините зошто ги обработуваме вашите лични податоци, како и кои се вашите права кои како субјект на лични податоци ги имате во однос на ова прашање.

 

Доколку сте заинтересирани за дополнителни информации кои не се содржани во оваа Политика за приватност, можете да не контактирате нас и нашиот Офицер за заштита на лични податоци во секое време преку контакт информациите наведени во делот 2 од оваа Политика за приватност.  

 

1               ОПСЕГ НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Во оваа Политика за приватност, ве информираме за обработката на вашите лични податоци во врска со STIHL MY iMOW® Апликацијата и апликацијата базирана на веб-пребарувач за употребата на вашата iMOW® робот косилка („STIHL MY iMOW® Веб-Апликација"), во понатамошниот текст заедно означени и како „STIHL MY iMOW® Апликации".

Можете да користите ограничен опсег на функции на STIHL MY iMOW® Апликациите без да се најавите во STIHL MY iMOW® Апликациите. За да се најавите во STIHL MY iMOW® Апликациите, потребна ви е STIHL Корисничка сметка за STIHL Дигиталната платформа и нејзините Решенија. Информации за обработката на вашите лични податоци во врска со STIHL Дигиталната платформа и вашата STIHL Корисничка сметка може да се најдат во Политиката за приватност https://app.stihl.com/mk-mk/legal/privacy а STIHL дигиталната платформа и STIHL Решенијата.

Во оваа Политика за приватност, ве информираме во согласност со условите од Европската општа регулатива за заштита на податоците („GDPR", Регулатива (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот) и условите од Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 42/20 и 294/21) („Локален Закон за заштита на лични податоци”).

Ќе ве информираме во врска со обработката на вашите лични податоци во врска со веб адресите (Uniform Resource Locator, „URL") кон кои пристапувате. Доколку пристапите на STIHL MY iMOW® Апликациите преку URL кое е наменето да служи за друга држава и нејзините законски услови (т.е. вие, на пример, наместо да пристапите на STIHL URL кое завршува со “co.mk”, пристапите на STIHL URL кое завршува на “.de”) може да не бидете информирани во согласност со применливите локални законски услови. Од причини на заштита на податоците, ние не го утврдуваме вашето место на живеење („локализација") за да го определиме правото кое се применува за вас.

2               КОНТРОЛОР И ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

2.1           Контролор

Согласно со правото за заштита на личните податоци, контролорот одлучува за целите и начините на обработка на вашите лични податоци и се грижи за усогласеноста со прописите за заштита на личните податоци.

Следниот STIHL субјект е одговорен за обработка на вашите лични податоци во врска со STIHL MY iMOW® Апликациите, како што е опишано во оваа Политика за приватност, освен доколку некои информации во оваа Политика за приватност предвидуваат поинаку:

STIHL Tirol GmbH ("STIHL Tirol", "ние", “нас”)

 

Поштенска адреса: Hans-Peter-Stihl-Str. A-6336 Langkampfen/Kufstein, Австрија

 

Е-пошта: datenschutzinfo@stihl.at

 

Регионален суд Инсбрук, под ФН (FN) 46276 д, ЕДБ ATU32234908

 

2.2           Заеднички контролор

Ние сме одговорни за одредени операции за обработка заедно со други друштва од STIHL Групацијата. Останатите информации за овие операции за обработка кои се предмет на заедничка одговорност и STIHL друштвата и нашите партнери вклучени во обработката, може да бидат најдени во оваа Политика за приватност (односно во Делот 6 од Политиката за приватност). Ако обработката на вашите лични податоци се извршува со заедничка одговорност (односно од субјекти кои дејствуваат како заеднички контролори), договор за обработка како заедничка одговорност е склучен помеѓу STIHL друштво или нашите партнери вклучени во обработката.

За листа на друштва од STIHL Групацијата и како ги означуваме истите во оваа Политика за приватноста, погледнете во делот 6.

Ве молиме имајте предвид дека ние исто така можеме да соработуваме со друштва од STIHL Групацијата и друштва надвор од STIHL Групацијата во рамките на посебна одговорност, т.е. два независно одговорни субјекти (односно како независни контролори на податоци) и преку договор за обработка (односно со ангажирање на такви други субјекти како обработувачи на податоци).

2.3           Офицер за заштита на лични податоци

Офицерот за заштита на лични податоци може да го добиете преку пошта на адресата наведена погоре за контролорот, адресирано до: "zu Hd. Abteilung Datenschutz", или преку е-пошта на datenschutzinfo@stihl.at.

Во случај на обработка на лични податоци со заеднички контролори, ве молиме контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци на горенаведените контакт информации.

3               ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБРАБОТКАТА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

3.1           Обработка на вашите лични податоци

Кога го користиме терминот “лични податоци” во оваа Политика за приватност, ги подразбираме сите информации кои се поврзани со вас.

Личните податоци ги вклучуваат, на пример, вашето име, е-пошта или поштенската адреса. Меѓутоа, вашите лични податоци исто така ги вклучуваат и сите податоци кои се поврзани или се однесуваат на вас, како податоците кои ќе бидат обработувани кога ќе ги користите STIHL MY iMOW® Апликациите. Податоците кои не се однесуваат на вас ќе ги нарекуваме нелични или анонимни податоци. Прописите за заштита на податоци и оваа Политика за приватност не се применуваат на таквите податоци.  

Под обработка на вашите лични податоци, подразбираме на пример, нивно собирање, чување или бришење.

3.2           Правен основ за обработка на вашите лични податоци (Преглед)

Ние ги обработуваме вашите лични податоци само ако можеме да ја засноваме обработката на правен основ или доколку истата е законска во согласност со применливите прописи за заштита на податоци, т.е., обработката е дозволена во согласност со закон. Во контекст на GDPR и Локалниот Закон за заштита на личните податоци, ние ја засноваме обработката на вашите лични податоци во најголем дел на следните правни основи:

·                Обработката на вашите лични податаоци е неопходна за исполнување на договор со вас или за спроведување на преддоговорни мерки кои се преземаат на ваше барање (член 6 (1) (b) GDPR и член 10 став 1 алинеја 2 од Локалниот Закон за заштита на личните податоци).

·                Вие ни имате дадено согласност за обработката на вашите лични податоци за една или повеќе конкретни цели (член 6 (1) (a) GDPR и член 10 став 1 алинеја 1 од Локалниот Закон за заштита на личните податоци).

·                Обработката на вашите лични податоци е неопходна за исполнување на законска обврска која што се применува на нас (член 6 (1) (c) GDPR и член 10 став 1 алинеја 3 од Локалниот Закон за заштита на личните податоци).

·                Обработката е неопходна за зачувување на нашите легитимни интереси или легитимните интереси на трето лице, освен кога таквите интереси ги преовладуваат вашите интереси или основните права и слободи кои наложуваат заштита на вашите лични податоци (член 6 (1) (f) GDPR и член 10 став 1 алинеја 6 од Локалниот Закон за заштита на личните податоци).

Повеќе информации за тоа кои операции за обработка ги базираме на кој правен основ или врз основа на кои правила за заштита на податоци обработката е дозволена, можете да најдете подолу во оваа Политика на приватност.

3.3           Лични податоци кои ние ги обработуваме

Ние ги обработуваме личните податоци кои вие ни ги давате, кои ги собираме (автоматски) и кои ги добиваме од страна на трети лица. Во основа, вие не сте обврзани да ни ги дадете вашите лични податоци. Сепак, обработката на одредени лични податоци може да е неопходна за да ни овозможи да ви ги понудиме STIHL MY iMOW® Апликациите.

Лични податоци кои вие ни ги давате

Ние ги обработуваме личните податоци кои вие ни ги давате. На пример, вие може да ни се јавите или да не контактирате на поинаков начин и да ни дадете одредени информации на овој начин. Може да ни дадете и дополнителни податоци кога ќе одберете одредени поставки или ќе ги прилагодите STIHL MY iMOW®  Апликациите на вашите потреби. Ние ги собираме и обработуваме овие податоци за да ви овозможиме да ги користите STIHL MY iMOW® Апликациите. Доколку не ни дадете одредени информации, користењето или функционалноста на  STIHL MY iMOW® Апликациите може делумно да бидат исклучени или попречени.   

Лични податоци кои ние ги собираме

Ние собираме одредени лични податоци (автоматски) и ги обработуваме кога ги користите STIHL MY iMOW® Апликациите. Ова вклучува, на пример, податоци како вашата  IP адреса, одредени податоци за логирање и податоци кои ќе бидат обработени за да можеме технички да ви ги овозможиме STIHL MY iMOW® Апликациите.  

Лични податоци кои ги добиваме од трети лица

Во одредени случаи, не ги добиваме вашите лични податоци директно од вас. Ова може да е случај, на пример, ако информациите во врска со вас ни се обезбедени од трети лица. Ние работиме со друштва кои ни даваат услуги и кои ни обезбедуваат информации за вас. Истите вклучуваат, на пример, даватели на платежни услуги или даватели на, како што се познати, продавници за апликации.

4               Обработка на вашите лични податоци кога се работи за STIHL MY iMOW® Апликациите

4.1           Посетување на веб страната на STIHL MY iMOW® Веб-Апликацијата

Кога пристапувате на нашата веб страна, пребарувачот кој го користите на вашиот уред автоматски ни испраќа информација до серверот на нашата веб страна кој привремено го зачувува како датотека за евиденција (‘log file’). 

Категории на лични податоци

Следните информации ќе бидат обработени кога пристапувате на нашата веб страна:

·                IP адресата на уредот со овозможен интернет;

·                Датумот и времето на пристап;

·                Името и URL на преземената датотека;

·                Веб страната/апликацијата од која било пристапено (упатувачки URL); и

·                Пребарувачот кој го користите и, доколку е применливо, оперативниот систем на вашиот уред со овозможен интернет и името на вашиот давател на пристап.

Цел

Обработката на вашите лични податоци служи за следната/ните цел/и:

·       Обезбедување на непречено поврзување;

·       Осигурување на удобно користење на нашата веб страна/апликација; и

·       Оценка на системската безбедност и стабилност.

Правен основ

Правните основи врз основа на кои ние ги обработуваме вашите лични податоци се следните:

 

·       На веб страната е пристапено за време на склучувањето или извршувањето на договор.

Вршиме обработка на вашите лични податоци врз основа на член 6 (1) (b) GDPR и член 10 став 1 алинеја 2 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

·       Обработката на вашите лични податоци е неопходна за да ви овозможи пристап до веб страната и да се осигура изведбата, постојаната функционалност и безбедноста на нашата веб страна и системи.  

Вршиме обработка на вашите лични податоци врз основа на член 6 (1) (f) GDPR и член 10 став 1 алинеја 6 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

Наш легитимен интерес е да ја осигураме изведбата, постојаната функционалност и безбедноста на нашата веб страна и системи.

4.2           Поставувања и контрола на вашата iMOW® робот косилка

Контролер

За целите на контролирање на вашата iMOW® робот косилка, работиме со ANDREAS STIHL за да може да ви дадеме брза и лесна контрола на вашата iMOW® робот косилка. Во овој поглед, ние ги обработуваме личните податоци како заеднички контролори.

Категории на лични податоци

Следните лични податоци ќе бидат обработени при комуникацијата со вас:

·       Поставувања поврзани со вашата iMOW® робот косилка, како висина на сечење, безбедносни функции, сензор за дожд;

·       својства на вашата апликација за косење, како што се почеток на косење, времетраење на работата на косење, по желба зона на косење, стандардно време на косење;

·       план за косење, доколку постои, што го имате определено.

Цел

Обработката на вашите лични податоци служи за следната/ните цел/и:

·       Конфигурацијата на вашата iMOW® робот косилка;

·       Контролата на вашата iMOW® робот косилка.

Правен основ

Правните основи врз основа на кои ние ги обработуваме вашите лични податоци се следните:

·       Обработката на вашите лични податоци е неопходна за да можеме да ви ги понудиме функционалностите понудени во MY iMOW® Апликациите, како што е контролата на вашата iMOW®.

Вршиме обработка на вашите лични податоци врз основа на член 6 (1) (b) GDPR и член 10 став 1 алинеја 2 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

4.3           Пронаоѓање на вашата iMOW® робот косилка

Категории на лични податоци

Следните информации се обработуваат во процесот на пронаоѓање на вашата iMOW® робот косилка:

·       Моменталните гео-координати на iMOW® робот косилката се обработуваат кога вашата iMOW® робот косилка е поврзана на интернет.

·       „Домашниот простор“ ("Home Area") на iMOW® робот косилката се обработува откако функцијата „Домашен простор“ (“Home Area”) ќе биде активирана на косилката.

Цел

Обработката на вашите лични податоци служи за следната/ните цел/и:

·       Ја имате можноста да ја прикажете вашата iMOW® робот косилка на мапа на вашите STIHL MY iMOW® Апликации и да ја пронајдете за да можете секогаш да бидете запознаени со локацијата на вашата iMOW.

·       Прикажување на временски прогнози во планот за косење од STIHL MY iMOW® Апликациите.

·       Со активирање на „Домашен простор“ (“Home Area”) функцијата, косилката може да се заклучи самата кога ќе се придвижи надвор од просторот.

Правен основ

Обработката на вашите лични податоци поврзани со локацијата на вашата iMOW ние ја базираме на:

·       Обработката на вашите лични податоци е неопходна за да можеме да ви ги понудиме временските прогнози понудени во STIHL MY iMOW® Апликацијата, функционалноста за локацијата и заклучувањето на уредот.

Вршиме обработка на вашите лични податоци врз основа на член 6 (1) (b) GDPR и член 10 став 1 алинеја 2 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

·       Обработката на вашите лични податоци е неопходна за да ви помогнеме во враќањето назад на вашата iMOW® робот косилка, доколку тоа го побарате од нас.

Вршиме обработка на вашите лични податоци врз основа на член 6 (1) (f) GDPR и Член 10 став 1 алинеја 6 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

4.4           Гласовна контрола на вашата iMOW® робот косилка

Можете да ја користите и контролирате вашата iMOW® робот косилка преку MY iMOW® Апликацијата, вклучувајќи различни системи за гласовна контрола. Подолу ќе најдете информации за системите за гласовна контрола и нивните даватели. Ние, исто така, се повикуваме на политиките за приватност на овие даватели, во кои ќе најдете дополнителни информации за обработката на вашите лични податоци во врска со употребата на гласовна контрола.

Контролор

Доколку користите еден од системите за гласовна контрола, давателите на овие гласовни системи може да ги обработуваат вашите лични податоци што подлежат на нивна одговорност во согласност со политиките за приватност на давателите, т.е. како независни контролори на податоци, покрај нас како контролор на податоци . Ова, меѓу другото, значи дека овие даватели можат да ги обработуваат вашите податоци за свои цели.

Категории на лични податоци

Следните лични податоци ќе бидат обработени при комуникацијата со вас:

·       Својства на вашата iMOW® робот косилка, како што се почеток на косење, времетраење на работата на косење, по желба зона на косење, стандардно време на косење;

·       План за косење, доколку постои, што го имате определено.

Цел

Обработката на вашите лични податоци служи за следната/ните цел/и:

·       Контролирање на вашата iMOW® робот косилка со гласовни команди и давање на или прашување за моменталниот iMOW® статус со гласовна команда.

Правен основ

Ние ја засноваме нашата обработка на вашите лични податоци и преносот на вашите лични податоци на давателот што го користите, на следните правни основи:

·       Обработката на вашите лични податоци е неопходна со цел да бидеме во можност да ви ја овозможиме функционалноста гласовна контрола понудена во MY iMOW® Апликациите.

Ја засноваме обработката на вашите лични податоци на правниот основ од член 6 (1) (b) GDPR и член 10 став 1 алинеја 2 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

·       Обработката е потребна за да обезбедиме безбедност и функционалност на функцијата гласовна контрола. Ова значи дека дополнително ќе ја развиеме гласовната контрола на iMOW® робот косилката врз основа на вашата употреба на гласовната контрола.   

Ја засноваме обработката на вашите лични податоци на правниот основ од член 6 (1) (f) GDPR и член 10 став 1 алинеја 6 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

Наш легитимен интерес е да продолжиме со развивање на нашите понуди и услуги за вас и да го подобруваме вашето корисничко искуство на STIHL MY iMOW® Апликациите.

·       За одредени обработувања на вашите лични податоци, ние ќе обезбедиме ваша согласност врз основа на член 6 (1) (a) GDPR и член 10 став 1 алинеја 1 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци до степен до кој тоа е потребно.

Во контекст на добивање на ваша согласност, ќе ве информираме за обработката на вашите лични податоци врз основа на вашата согласност.

Давател на гласовна контрола

·       Гласовна контрола преку Apple Shortcuts Апликација: Давател е Apple. Политиката за приватност е достапна на.
https://www.apple.com/legal/privacy/data/en/shortcuts-sharing/

·       Гласовна контрола преку Amazon Alexa: Давател е Amazon. Политиката за приватност е достапна на. https://www.amazon.com/gp/help/customer/display.html?nodeId=GVP69FUJ48X9DK8V

·       Гласовна контрола преку Google Assistant: Давател е Google. Политиката за приватност е достапна на.
https://policies.google.com/privacy

 

4.5           Комуникација со вас

Постојат различни начини да не контактирате, на пример преку е-пошта, по пошта, телефонски, преку формулари за контакт или на други начини. Со задоволство ќе одговориме на сите прашања што ги имате преку кој било од каналите за комуникација што ги нудиме. Во основа, ќе ве контактираме преку е-пошта.

Заедничка одговорност

Ако комуницирате со STIHL Tirol, STIHL Tirol е одговорен за обработка на вашите лични податоци. Ако за комуникацијата со вас или за обработката на вашето барање или грижа е потребно вклучување на други друштва од STIHL Групацијата, ние ќе вршиме обработка на вашето барање или грижа заедно со овие друштва. Во зависност од предметното прашање на вашето барање или грижа, друштвата основани од STIHL Tirol вршат обработка на вашите лични податоци во име на STIHL Tirol (односно како обработувачи на податоци) или како заеднички одговорни тела со STIHL Tirol (односно како заеднички контролори на податоци).

Категории на лични податоци

Следните лични податоци ќе бидат обработени при комуникацијата со вас:

·       Вашите контакт информации како вашиот телефонски број и е-поштата;

·       Податоци поврзани со вашето барање или грижа, како што е предметот на вашето барање или нашата комуникација со вас.

Цел

Обработката на вашите лични податоци служи за следната/ните цел/и:

·       Комуникацијата со вас ако имате прашања за STIHL MY iMOW® Апликациите или за iMOW® робот косилката;

·       Справување и одговарање на вашите прашања и грижи;

·       Комуникацијата со вас надвор од прашањата и грижите, како на пример за целите на информирање или за исполнување на правните обврски;

·       Кога ги снимаме телефонските разговори, ова се прави за обезбедување на квалитетот и за цели на обучување;

Правен основ

Ние ја засноваме обработката на вашите лични податоци поврзана со комуникацијата со вас на различни правни основи, во зависност од позадината на комуникацијата. Следното ќе се применува:

·       Комуникацијата со вас е неопходна за да се исполни договорот за STIHL MY iMOW® Апликациите или за да се склучи договор за користење на STIHL MY iMOW® Апликациите.

Ја засноваме обработката на вашите лични податоци  со вас на правниот основ од член  6 (1) (b) GDPR и член 10 став 1 алинеја 2  од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

Комуникацијата со вас е неопходна за да се обезбеди безбедноста и функционалноста на STIHL MY iMOW® Апликациите или iMOW® робот косилката. Ова исто така го вклучува тоа што ние ги развиваме STIHL MY iMOW® Апликациите или iMOW® робот косилката врз основа на вашите коментари и искуства. Ова може да значи дека ќе побараме ваше мислење и проценка.

Ја засноваме обработката на вашите лични податоци на правниот основ од член 6 (1) (f) GDPR и член 10 став 1 алинеја 6 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

Наш легитимен интерес е дополнително да ги развиваме нашите понуди и услуги за вас и да го подобриме вашето искуство во користењето на STIHL MY iMOW® Апликациите или на iMOW® робот косилката.

·       За одредени обработувања на вашите лични податоци, ние ќе обезбедиме ваша согласност врз основа на член 6 (1) (a) GDPR и член 10 став 1 алинеја 1 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци до степен до кој тоа е потребно.

Ова особено се применува за снимањето на телефонски разговори.

4.6           Поддршка

Доколку имате било какви прашања или не можете да ги користите STIHL MY iMOW® Апликациите или  iMOW® робот косилката како што имаме опишано, нашата Поддршка е секогаш на ваше располагање. Ние ќе ве информираме и ќе ви ја дадеме нашата поддршка доколку, без разлика на вашиот контакт со нас, сметаме дека вие не ги користите STIHL MY iMOW® Апликациите или iMOW® робот косилката како што имаме опишано ние.  

Контролор

Како дел од поддршката, ние работиме со други друштва од STIHL Групацијата за да ви овозможиме брза и лесна помош. Поради тоа, како STIHL TIROL, ANDREAS STIHL ни помага во овозможувањето на поддршка за MY iMOW® Апликацијата или iMOW® робот косилката. Обработувачки операции за да ја подобриме нашата поддршка и MY iMOW® Апликацијата или iMOW® робот косилката се спроведуваат во согласност со нашата заедничка одговорност со ANDREAS STIHL (односно од нас и од ANDREAS STIHL како заеднички контролори на податоци).

Категории на лични податоци

Следните информации ќе бидат обработени како дел од поддршката:

·       Вашите контакт информации;

·       Комуникацијата со вас, вклучувајќи снимки од телефонски разговори со вас, доколку имате дадено ваша согласност за снимките;

·       Податоци поврзани со случајот за поддршка и податоците потребни за да се реши вашиот случај за поддршка.  

Цел

Обработката на вашите лични податоци служи за следната/ните цел/и:

·       Обработување на вашето барање за поддршка;

·       Доколку ги снимаме телефонските разговори во контекст на поддршка врз основа на ваша согласност, тоа ќе биде направено за обезбедување на квалитетот и за цели на обучување;

·       Подобрување на нашата поддршка.

Правен основ

Ние ја засноваме обработката на вашите лични податоци поврзана со нашата поддршка на различни правни основи, во зависност од барањето за поддршка и постоечкиот договорен однос. Следното ќе се применува:

·       Нашата поддршка и дејствијата како дел од поддршката се потребни за исполнување на договорот за  STIHL MY iMOW® Апликациите.

Вршиме обработка на вашите лични податоци во врска со поддршката врз правниот основ од член  6 (1) (b) GDPR и член 10 став 1 алинеја 2  од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

·       Ние ви обезбедуваме одредени дејствија на поддршка надвор од постоечкиот договорен однос.

Ја засноваме обработката на вашите лични податоци во врска со нашата поддршка, која ви ја даваме надвор од постоечки договорен однос врз основа на член  6 (1) (f) GDPR и член 10 став 1 алинеја 6 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци. Ние имаме легитимен интерес да ви помогнеме со прашања за нашите понуди и услуги и да го обезбедиме вашето задоволство од нашите (поранешни и идни) потрошувачи.

·       За одредени обработувања на вашите лични податоци, ние ќе обезбедиме ваша согласност врз основа на член 6 (1) (a) GDPR и член 10 став 1 алинеја 1 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци до степен до кој тоа е потребно.

Ова особено се применува за снимањето на телефонски разговори во текот на поддршката.

4.7  Развивање на производот и статистичка анализа

Ние вршиме обработка на одредени податоци со цел да ги подобриме и дополнително да ги развиеме STIHL MY iMOW® Апликациите или iMOW® робот косилката и други понуди и услуги (или нашата поддршка). Ова особено се однесува на одредени податоци за користењето на STIHL MY iMOW® Апликациите, како и за податоци поврзани со, помеѓу другото, својствата, безбедноста и квалитетот на нашата понуда.

Колку што е можно, податоците ќе бидат псевдонимизирани или анонимизирани пред обработката за развивањето на производот и статистичката анализа. Доколку податоците се анонимизирани, тие повеќе не се лични податоци.

Заедничка одговорност

Во контекст на развивање на производи и статистичка анализа, ние соработуваме со други компании од STIHL Групацијата, а особено со ANDREAS STIHL. Обработката со ANDREAS STIHL се одвива со заедничка одговорност, т.е. ние и ANDREAS STIHL дејствуваме како заеднички контролори на податоци во однос на оваа обработка.

Категории на лични податоци

Се врши обработка на следните информации во рамките на развивањето на производи и статистичката анализа:

·       Податоци за користење на STIHL MY iMOW® Апликациите или iMOW® робот косилката;

·       Податоци за својствата, безбедноста и квалитетот на STIHL MY iMOW® Апликациите или iMOW® робот косилката;

·       Други информации што ги имаме, на пример од вашите барања за поддршка

Цел

Обработката на вашите лични податоци служи за следната/ните цел/и:

·       Подобрување и дополнително развивање на STIHL MY iMOW® Апликациите или на iMOW® робот косилката;

·       Развивање на производи, вклучувајќи и во областа на вештачката интелигенција, (машинско учење);

·       Истражување на пазарот;

·       Обезбедување на безбедноста и квалитетот на STIHL MY iMOW® Апликациите.

Правен основ

Ние ја засноваме обработката на вашите податоци на следните правни основи:

·       Ние ја засноваме обработката на вашите лични податоци во врска со развивањето на производи и статистичка анализа на правниот основ од член 6 (1) (f) GDPR и член 10 став 1 алинеја 6 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

Нашиот легитимен интерес е во развивањето и дополнителното развивање на STIHL MY iMOW® Апликациите или iMOW® робот косилката и други понуди и услуги на STIHL Tirol и STIHL Групацијата, како и гарантирање на безбедноста и квалитетот на STIHL MY iMOW® Апликациите или iMOW® робот косилката.

5               ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ

Сé додека ги користите STIHL MY iMOW® Апликациите или додека не ја избришете STIHL Корисничката сметка, ние ќе ги обработуваме вашите лични податоци поради тоа што е неопходно за да ви ги обезбедиме STIHL MY iMOW® Апликациите што ги сакате. Периодот на чување на вашите лични податоци зависи посебно од тоа која функција ја користите од функциите понудени од STIHL MY iMOW® Апликациите.

Дополнително, периодот на чување зависи од категоријата на лични податоци кои се обработуваат и од целта на обработката. Конечно, ги земаме предвид и законските рокови на чување, кои може да не обврзат да ги чуваме вашите податоци за одреден временски период. Следствено, може да ги чуваме вашите лични податоци доколку тоа е предвидено со применливите прописи за заштита на лични податоци или други применливи прописи кои што се применливи за нас.

Во случај на правен спор, ќе ги чуваме личните податоци за наша правна одбрана се додека постапката не биде завршена. 

За повеќе информации околу периодот на чување, ве молам контактирајте не на контакт деталите кои можете да ги најдете во оваа Политика за приватност под делот 2.

6               ПРИМАТЕЛИ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ 

6.1           Приматели во рамки на STIHL групацијата

Во одредени случаи, ние ги споделуваме вашите лични податоци со други друштва во рамки на STIHL групацијата. Обработката од овие STIHL друштва се спроведува за наша сметка и е предмет на наша сопствена одговорност. Доколку обработката се одвива во наше име, помеѓу нас и соодветното STIHL друштво е склучен договор за обработка на податоци во смисла на GDPR и Локалниот Закон за заштита на лични податоци. 

STIHL Tirol споделува одредени лични податоци поврзани со индивидуални операции за обработка и земајќи ги предвид законските услови за заштита на податоци со друштвата од STIHL Групацијата, вклучувајќи ги, помеѓу другите:

·       ANDREAS STIHL: ANDREAS STIHL AG & Co. KG GmbH (Badstr. 115, 711336, Waiblingen, Германија, info@stihl.de, Окружен суд Штутгарт, ХРА (HRA) 260269, ЕДБ DE 14733096).

6.2           Приматели надвор од STIHL групацијата

Дополнително на примателите од STIHL групацијата, ги споделуваме вашите лични податоци со нашите партнери, во врска со индивидуалните операции за обработка и земајќи ги предвид прописите за заштита на податоците. Нашите партнери вклучуваат даватели на услуги кои ги обработуваат вашите лични податоци во наше име и даватели на услуги кои даваат услуги за нас што се поврзани со обработката на вашите лични податоци. Во однос на обработката на вашите лични податоци, ги користиме следните категории на даватели на услуги:

·       ИТ Даватели на услуги (Даватели на хостинг податоци);

·       Поддршка (Поддршка за клиенти);

·       Адвокати, ревизори и даночни советници.

Ние, исто така, ги пренесуваме вашите податоци на властите и судовите, доколку сме обврзани со GDPR, Локалниот Закон за заштита на личните податоци и другата применлива регулатива.

На ваше барање, можеме да ви ја доставиме целосната листа на наши партнери кои ги обработуваат вашите лични податоци.

7               ПРЕНОС НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ДО ДРЖАВИ НАДВОР ОД ВАШАТА ДРЖАВА НА ПРЕСТОЈ

Обработката на вашите лични податоци, како што е опишана во оваа Политика за приватност, вклучува/може да вклучи пренос надвор од вашата држава на престој, вклучувајќи ги и државите надвор од Европската економска област.

Независно од каде вашите лични податоци се обработуваат, за нас највисок приоритет е нивото на заштита кое се гарантира со GDPR, односно Локалниот Закон за заштита на лични податоци да е секогаш обезбедено. Доколку пренесеме лични податоци до приматели чии системи за обработка на вашите лични податоци или на нивните подизведувачи се наоѓаат надвор од Европската економска област, односно до било кои приматели во било кои држави кои не се сметаат за држави со соодветни системи за заштита на лични податоци, ние постапуваме во согласност со барањата од глава V од GDPR, односно барањата од глава V (Пренос на лични податоци) од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

Имате право да побарате од нас преглед на примателите од држави надвор од вашата држава на престојувалиште, вклучувајќи ги државите надвор од Европската економска област и информации за мерките кои ги преземаме за да го осигураме нивото на заштита предвидено со GDPR, односно со Локалниот Закон за заштита на лични податоци, во секое време преку контакт деталите наведени под дел 2 од оваа Политика за приватност.

8               ВАШИТЕ ПРАВА И НИВНО ПОТВРДУВАЊЕ

Доколку сакате да ги потврдите вашите права како што е наведено подолу, можете да не контактирате во секое време и без било каква барана форма преку комуникациските канали наведени во оваа Политика за приватност. Преку е-пошта и другите комуникациски канали, можете да ги добиете STIHL Tirol и Офицерот за заштита на лични податоци на  STIHL Tirol преку контакт деталите наведени во дел 2 од оваа Политика за приватност.

8.1           Право на информација и пристап до вашите податоци 

Вие имате право да барате потврда дали вашите лични податоци се обработуваат или не. Кога ги обработуваме вашите лични податоци, имате право да бидете информирани за овие лични податоци и за одредени информации во согласност со закон. За повеќе информации за вашето право на информација, видете чл. 15 од GDPR и член 19 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

8.2           Право на исправка

Вие имате право да барате исправка на неточни лични податоци поврзани со вас без одлагање. Имајќи ги превид целите на обработката, имате право да барате дополнување на некомплетни лични податоци. За повеќе информации за вашето право на исправка, видете чл. 16 од GDPR и член 20 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

 

Секогаш се стремиме да ја осигураме точноста на вашите лични податоци. Оттука, бараме од вас да не информирате веднаш за промените во вашите податоци (како промени на адреса), за да можеме да се осигураме дека вашите лични податоци се ажурирани.

 

8.3           Право на бришење

Доколку законските претпоставки се исполнети, може да барате од нас да ги избришеме вашите лични податоци веднаш. Ова е случај, особено, помеѓу други случаи определени со закон, кога:

·       Вашите лични податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани и обработувани на друг начин;

·       Обработката на вашите лични податоци се заснова на вашата согласност, а вие сте ја повлекле согласноста и ние не можеме да ја засноваме обработката на друг правен основ;

·       Сте се спротивставиле на обработката на вашите лични податоци врз основа на вашата посебна ситуација и не постојат поважни основи за обработка на вашите лични податоци.

·       Доколку вашите лични податоци биле пренесени на трети страни и ние сме обврзани да ги избришеме вашите лични податоци, ние ќе ги информираме овие трети страни за бришењето, доколку тоа е потребно согласно со законот.  

Би сакале да потенцираме дека вашето право на бришење е предмет на ограничување. На пример, ние нема да ги избришеме личните податоци за кои имаме законска обврска да ги чуваме. Податоците што ни се потребни за да тврдиме, остваруваме или браниме правни барања се исто така исклучени од вашето право на бришење. За повеќе информации за вашето право на бришење видете чл. 17 од GDPR и член 21 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

8.4           Право на ограничување на обработката

Доколку се исполнети правните услови, може да барате ограничување на обработката на вашите лични податоци. Ова особено во случај кога:

·       Точноста на вашите лични податоци е оспорена од ваша страна, за период кој ќе ни овозможи да ја утврдиме точноста на вашите лични податоци;

·       Обработката на вашите лични податоци не се одвива согласно со закон и вие барате ограничување на користењето на вашите лични податоци наместо бришење на вашите лични податоци;

·       Повеќе не ни се потребни вашите лични податоци за целите на обработка, но овие податоци ви се потребни за основање, остварување или одбрана на правни побарувања;

·       Сте се спротивставиле на обработката на вашите лични податоци врз основа на вашата конкретна ситуација, во очекување на проверка дали нашите легитимни основи за обработка ги надминуваат вашите основи/интереси.

За повеќе информации за вашето право на ограничување на обработката, видете чл. 18 од GDPR и член 22 од Локалниот Закон за заштита на личните податоци.

8.5           Право на преносливост на податоците

Имате право да ги добиете личните податоци што ни ги имате дадено и кои ги обработуваме за исполнување на договорот, врз основа на ваша согласност или со автоматизирани процедури, во структуриран, вообичаен и машински читлив формат. Исто така, имате право, во случај кога се исполнети горенаведените услови, да ги пренесеме овие податоци директно на трето лице, доколку тоа е технички изводливо. За повеќе информации за вашето право на преносливост на податоци, видете чл. 20 од GDPR и член 24 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

8.6           Повлекување на согласноста

Доколку ни имате дадено согласност за обработка на вашите лични податоци, можете да ја повлечете истата во секој момент со идно дејство. Повлекувањето не ја засега законитоста на обработката на вашите податоци до моментот на повлекување.

8.7           Право на приговор до надлежните власти за заштита на податоци

Доколку сметате дека со обработката на вашите лични податоци се прекршуваат некои од применливите прописи за заштита на лични податоци, можете да поднесете приговор до надлежното надзорно тело за заштита на лични податоци, посебно надлежното надзорно тело за заштита на лични податоци во вашето место на живеење, место на работа или место на наводна повреда. Во Република Северна Македонија, надлежен орган до кој може да се поднесуваат приговори е Агенцијата за заштита на лични податоци (www.dzlp.mk).

8.8           Право на приговор на обработката

 

Право на приговор на обработувањето на вашите лични податоци за обработката која се врши врз основа на нашите легитимни интереси

 

До степен до кој ги обработуваме податоците врз основа на легитимен интерес, можете да се спротивставите на обработката во секое време од причини што произлегуваат од вашата посебна ситуација. Веќе нема да ги обработуваме вашите лични податоци освен ако можеме да покажеме поголеми легитимни основи за обработка што ги надминуваат вашите интереси, права и слободи, или за воспоставување, остварување или одбрана на правни барања. Претпоставуваме дека во текот на обработката врз основа на легитимен интерес, вообичаено можеме да докажеме такви убедливи легитимни основи за заштита, но секој приговор го испитуваме и оценуваме поединечно.

 

За повеќе информации за вашето право на приговор, видете чл. 21 од GDPR и член 25 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.

 

 

9               ИЗМЕНИ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

 

Во оваа Политика за приватност, секогаш ќе ве информираме целосно и потполно за обработката на вашите лични податоци во врска со STIHL MY iMOW® Апликациите. Ова бара редовно да ја ажурираме оваа Политика за приватност. Затоа, препорачуваме да редовно да ја консултирате оваа Политика за приватност.